Се отвори новото живеалиште на фламинга во Скопје ЗОО

Погледнете ги првите фотографии

Денес официјално се отвори новото живеалиште на 15-те фламинга во скопската зоолошка.

Според портпаролот на ЗОО Скопје, Тина Мицковска, ова живеалиште на фламинга е едно од најубавите во Европа, а до денес тие се чуваа во внатрешниот дел.

Проектот во зоолошката градина е работен со поддршка на градот Скопје.

Фламингата допрва ќе ја добијат силно розовата боја, благодарение на специјалната исхрана која им ја даваат.

Ова се првите фотографии од новоотвореното живеалиште на фламинга во Скопје ЗОО:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.