Принцот Хари нема дозвола за работа во САД, а еве кои се опциите за да ја добие

И на благородниците не им е лесно надвор од татковината

Прицот Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес, каде што планираат да го продолжат животот со својот син Арчи. Меѓутоа, планивте би можеле да им се искомплицираат  земајќи предвид дека внукот на кралицата нема да може да работи во САД без зелна карта, пренесува британски „Експрес“.

Војводата од Сасекс може да добие редовна виза Б1 или Б2 по неговото преселување во Холивуд на почетокот од овој месец. Дури претходно и да имал дипломатска виза А1, Хари повторно нема да може да работи, освен во својство на владин или дипломатски ангажман.

За да добие зелена карта, принцот има три опции. Самиот да се спонзорира во категоријата извонредна способност, Маркл да го спонзорира како државјанин на САД, или да го спонзорира американски ентитет (како на пример, добротворна организација).

Три години по поседувањето на зелената карта, Хари има право да стане државјанин на САД, но тоа би значело дека ќе мора да се откаже од својот статус во редот за наследување на британскиот престол.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.