Зошто Тина Тарнер се откажала од американското државјанство? Пред 23 години си заминала и никогаш веќе не се вратила!
Одлучила да ја напушти Америка
Вчера почина Тина Тарнер, кралицата на рок-музиката
Почина Тина Тарнер, жена лавица, кралица на рок-музиката, симбол на голема сила и вечна инспирација за многумина. Тоа што го доживеала во својот живот долг 84 години, ретко кој би го посакал. Имала успеси, имала и голема среќа во љубовта, но трагедиите се тие што го обележале животот на Тина Тарнер.
Мајка ѝ не ја сакала, сопругот крвнички ја тепал, а пејачката ја доживеала и смртта на двата сина. Многумина би рекле дека нема поголемо проклетство од тоа.
Иако била родена како Американка, таа пред 23 години одлучила да ги напушти Соединетите Американски Држави и никогаш веќе да не се врати.
„Ја напуштив Америка, затоа што мојата кариера се случуваше во друга земја, мојот партнер беше во друга земја. Европа беше таа што ја поддржуваше мојата кариера и мојата музика. Мојот партнер се пресели таму да води компанија, а јас отсекогаш сакав да одам во Швајцарија и таму сум многу среќна“, рекла Тина Тарнер во едно интервју.
„Во Швајцарија се чувствувам како дома. Не можам да си замислам подобро место за живот“, рекла кралицата на рок-музиката која во 2013 година се откажала од американското државјанство.
Тина уште во далечната 1986 година започнала врска со германскиот музички диригент Ервин Бах, па се омажила за него во 1993 година.
Иако Бах бил 16 години помлад од Тина, тие се вљубиле на прв поглед.
По 27 години врска, Тина и Бах се венчале на Циришко езеро, а Тина го нарекувала Бах нејзина „природна сила“.
Со зборовите дека ништо не ја врзува за Америка, освен семејните врски, таа ја напуштила оваа земја без да се сврти назад.
На предната страна од нејзиниот имот се наоѓа метална плоча на која пишува: „Немој ни да помислиш да ја малтретираш Тина Тарнер пред пладне.“
Коментарите се заклучени.