Последните зборови на принцезата Дијана: Ќе се наежите кога ќе прочитате што кажала пред да умре

Сè уште ја обожаваат

Последните зборови на Леди Ди долго биле тајна, но сега прозборел човекот кој последен зборувал со неа

Принцезата Дијана, дамата што остави неизбришлива трага во британската историја, загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз. Трагедијата се случила кога автомобилот во кој се наоѓала со свршеникот удрил во барикада. А пожарникарот Хавиер Гурмелон, кој се обидувал да ги спаси, бил последниот човек кој разговарал со Леди Ди.

Тој бил присутен за време на нејзините последни мигови и открил што изговорила пред смртта. Според неговите зборови, очите на принцезата биле отворени и била при свест. Пред да ја изнесат од автомобилот, ја држел за рака и ја тешел, велејќи ѝ да остане смирена. По првите знаци на срцев застој, пожарникарот дал сè од себе за да ја оживее убавата Дијана, која само еден месец пред смртта уживала на летување со љубовникот и синовите.

„Ѝ го масирав срцето и неколку секунди подоцна повторно почна да дише. Тоа беше големо олеснување, бидејќи како човек кој работи во итна служба, сакав да спасувам животи и мислев дека тоа и сум го направил. Да бидам искрен, мислев дека ќе преживее. Колку што знаев, додека била во возилото за итна помош, била жива. Но подоцна дознав дека починала. Тоа беше многу потресно за мене. Подоцна дознав дека се здобив со тешки телесни повреди“, раскажал пожарникарот.

Во моментот кога успеал да ја поврати, како што наведува Хавиер, збунето и исплашено го прашала:

„Боже мој, што се случи?“

Тоа биле и нејзините последни зборови.

Како всушност дошло до несреќата?

Постојат бројни теории на заговор за вистинската причина за несреќата. Поединци сметаат дека некој намерно сакал да ја отстрани принцезата Дијана, бидејќи била жена без компромиси. Меѓутоа, според официјалната истрага, до трагедијата дошло кога возачот на „мерцедесот“ изгубил контрола од преголема брзина и удрил во една од банкините.

Исто така, врз основа на деталите од судската истрага, било заклучено дека за загинувањето на принцезата и нејзиниот свршеник, египетскиот монарх Доди ел Фајед, придонеле следниве факти: ги бркале папараци на мотори, не ги врзале појасите, а возачот бил во алкохолизирана состојба.

Без оглед на сè, Леди Ди остана една од омилените принцези, која храбро стоела зад своите ставови, не дозволувајќи никој да управува со нејзиниот живот.

Решена мистеријата што се крие зад двата часовника на раката на покојната принцеза Дијана
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.