По врска од еден месец, Мајли Сајрус раскина со Кејтлин Картер
„Пукна“ врската што ја разбранува јавноста
Во јавноста се крена голем прав кога пред еден месец исплива веста дека Мајли Сајрус се разведува со Лијам Хемсворт по брак од осум месеци и тоа поради нејзината врска со блогерката Кејтлин Картер.
Меѓутоа сега исплива нова вест – популарната пејачка раскинала со својата девојка и сега се само добри пријателки.
Мајли и Кејтлин раскинаа, останаа добри пријателки“, изјавил извор за популарниот портал „Пипл“ и додал:
Веќе подолго време се верни другарки и беа една покрај друга за време на разводите, но веќе не се во романтилна врска.“
Изгледа дека контроверзната пејачка не издржа и во оваа врска, па одлучи да јапобара среќата на друга адреса.