Откажан концертот на Цеца Ражнатовиќ! Се огласија организаторите, еве ја причината

Што велите вие...

Концертот на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ во Херцег Нови, кој беше закажан за 9 март, повторно е одложен.

Цеца Ражнатовиќ има кариера долга 36 години и е една од најголемите регионални ѕвезди. Нејзините концерти секогаш се распродадени до последните седишта каде и да настапува, вклучително и во Црна Гора.

Публиката од Херцег Нови долго го чекаше концертот на Цеца, сепак временските услови ги натераат обожавателите на пејачката да почекаат уште малку.

Имено, градот ја објави причината за второто откажување на концертот на Цеца.

„Поради предвидените обилни врнежи, концертот на регионалната ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ планиран за сабота на 9 март ќе биде одложен. Организаторот ќе го објави новиот датум за сите посетители, кои и овојпат покажаа исклучително висок интерес“, стои во соопштението.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.