Немања Гудељ се огласи: Идниот татко проговори за името на бебето и за љубовта со Анастасија

„Неизмерно му се радуваме на секое приближување до денот кога ќе ја запознаеме нашата ќерка.“

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ наскоро ќе станат родители.

Таа е во четвртиот месец од бременоста и треба да се породи во септември, а младиот пар ќе има наследничка, поради што новопечениот татко не ја симнува насмевката на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Немања Гудељ првпат јавно проговори и истакна дека едвај чека да ја држи ќерка си во раце на почетокот на есента.

Бев пресреќен кога дознав, а беше и Анастасија. Бебето е најубавото нешто на светот. Благослов од Бога – рече тој за „Република.рс“.

 

На прашањето што ќе купи прво за бебето, тој рече:

Сè уште е рано за тоа, но дефинитивно ни претстои и со нетрпение очекуваме да ја запознаеме нашата ќерка одблиску.

Откри дека сè уште не избрале име за бебето.

Сè уште не сме одбрале име, неколку опции се во оптек, па веројатно ќе избереме една од нив – изјави тој за споменатиот медиум.

На прашањето како неговите родители Оливера и Небојша реагирале на добрата вест, фудбалерот одговори:

Се разбира дека и тие се пресреќни. Едвај чекаат да се роди нашето бебе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.