„Не плачеше пред судијата“ Адвокатот на Стефан Кариќ ги откри деталите од сослушувањето

По претепувањето на Наташа Шавија, Стефан Кариќ цело време се криел дома.

Поранешниот задругар Стефан Кариќ, по три дена во бегство, се пријавил во полиција во Сремска Митровица откако Наташа Шавија го обвинила дека ја претепал ноќта меѓу 30 април и 1 мај. Според неговиот адвокат, повредите на Наташа, всушност, не се толку страшни, но поради подливите изгледаат многу пострашно.

Иако е потврдено дека се работи за тешки физички повреди, Наташа поради сините модринки изгледа пострашно отколку што всушност е. Бидејќи нема да има вештачење, побарав да го видам лекарскиот извештај во кој пишува дека состојбата на Шавија била на граница меѓу лесни и тешки физички повреди – вели адвокатот и открива како се чувствувал Стефан откако му е одреден притвор.

Вознемирувачки фотографии: Старлетата Наташа Шавија претепана од поранешниот „задругар“ (ФОТО)

Момчето не е криминалец, па сето ова е ново за него. Не плачеше пред судијата, но не беше ниту опуштен, бидејќи не му е сеедно. Полицијата работи на случајот, ќе утврди дали ресторанот во кој се одржала венчавката има камера и дали го снимила инцидентот. Но од сè што се случи, најмногу ни пречи што се шушка дека Стефан избегал од местото и наводно се криел. Тоа не е точно, па сите си одат по тепачката, не чекаат да дојде полиција по нив! Така и Стефан си отиде дома. Бидејќи полицијата не го нашла на свадбата, по него распишала потерница. И цело време беше дома, но никој не го бараше таму.

Со оглед на тоа што Кариќ во 2018 година одлежа казна од шест месеци домашен притвор за носење оружје без дозвола, адвокатот откри дали тоа му било отежителна околност.

Според одредбите на законот, осудителната пресуда се брише од досието по три години, а тој ја носел наногицата пред пет години. Но завчера дознав дека полицијата не го направила тоа, па, за жал, судијата и тоа ќе го земе предвид. Иако веднаш поднесов барање за бришење, ќе видиме што ќе биде по тоа прашање – заклучува Карадаревиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.