Манојловиќ никогаш поемотивна: Немав купатило па греев вода и се чудев како другарка ми се бања за две минути (видео)

Животот е круг...

Не ѝ било лесно!

Познатата и атрактивна пејачка Радмила Манојловиќ, која е повеќе од една деценија на музичката естрада, кога и да се појави во ТВ-гостување, споделува интимни моменти од својот приватен живот.

Во неодамнешно гостување во емисијата „Претрес“ зборуваше за своето детство, односно периодот пред се вивне во светот на музиката, раскошот и гламурот.

Еднаш требаше да излеземе негде со другарка ми и таа ми рече: „Чекај да се истуширам за две минути“. Во тој момент се збунив од тоа како може да се избања за две минути. Јас тогаш немав купатило, па требаше да топлам вода… Навистина не ми беше сфатливо како може некој да се истушира за толку кратко време, рече Манојловиќ.

Ваквата изјава на Рада предизвика бура реакции, а дел од коментарите под видеото гласат:

Секоја чест! Ти си една од ретките која искрено зборува за разлика од 90% од естрадата која лаже дека цел живот живееле во изобилие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HYPE TV (@hypetv.rs)

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.