И оваа жена профитира благодарение на Џони Деп: Судењето ја вивна во ѕвездите, па доби примамлива понуда!

Која е Камила Васкез?

Адвокатката на Џони Деп, Камила Васкез, стана ѕвезда благодарение на судскиот спор меѓу Џони Деп и Амбер Херд

За време на судскиот спор на Џони Деп и Амбер Херд, адвокатката на Деп, Камила Васкез, предизвика голем интерес кај јавноста. Судската пресуда беше донесена во корист на актерот, но тоа не е единствениот триумф што ја дочека по судењето.

Камила Васкез е унапредена како партнерка во адвокатската канцеларија Brown Rudnick. Нејзиниот успех се истакнува и во соопштението на оваа компанија.

„Васкез изби во прв план во текот на вкрстеното испитување на Амбер Херд. Настапот на Камила за време на судењето на Џони Деп му докажа на светот дека таа е подготвена да го направи следниот чекор“, истакнал Вилијам Балдига, претседател и извршен директор на компанијата Brown Rudnick.

Веста за унапредувањето на Камила Васкез е објавена и на твитер-профилот на адвокатската фирма, а бројни обожаватели ја дочекаа таа новост со воодушевување.

Особено интересно е тоа што адвокатката стекна голем број обожаватели за време на судењето. Поточно, успеа да ги придобие симпатиите на фановите на Џони Деп.

За време на судскиот процес, актерот доби огромна поддршка на социјалните мрежи. Адвокатите на Амбер Херд остро го критикуваа тоа, сметајќи дека тоа има големо влијание врз поротата, која на крајот пресуди во корист на Џони Деп.

Да се потсетиме, Џони Деп ја тужеше поранешната сопруга за клевета по низата обвинувања на негова сметка. Имено, таа во 2018 година објави авторска статија во „Вашингтон пост“, со која индиректно го обвини за насилство. Актерот бараше 50 милиони оштета, додека неговата поранешна сопруга му возврати со контратужба, барајќи двојно поголема сума.

Целата приказна доби свој епилог, откако поротата одлучи дека Деп бил жртва на клевета од страна на поранешната сопруга, а судот ѝ наложи на Амбер Херд да плати 10.35 милиони оштета – 10 милиони долари за поранешниот сопруг и 350.000 казнена оштета.

Од друга страна, ни таа нема да остане со празни раце. Според контратужбата, нејзе ќе ѝ бидат исплатени два милиони долари.

КОЈА Е АДВОКАТКАТА НА ЏОНИ ДЕП КОЈА ЈА УНИШТИ АМБЕР ХЕРД ВО СУДНИЦАТА: Цел свет мисли дека е ВО ВРСКА со актерот, но вистината е ОВА!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.