Ѓоле Ѓогани шокира со изјавата: „Вистина е, јас и Весна се разведовме“

Повторно?

Не престанаа шпекулациите на оваа тема – приказните и нагаѓањата за тоа кој кого оставил, кои се другите причини за разделбата, но одговорот на оваа тема пристигна дури неодамна…

Ѓоле и Весна Ѓогани со години уживаат во хармоничен брак, полн со ведрина и среќа. Гласините дека се развеле поради инцидентот кој протече во јавноста и се однесува на наводната прељуба на музичарот, сè уште не се вистинити.

Имено, гостувајќи во емисијата „Ексклузив“, Ѓоле призна се’, иако со шеговит тон. На прашањето каде е Весна и зошто не дошла со него кога е договорено, Ѓогани рече:

Па, се разведовме. Шегата на страна, секој од нас има некои секојдневни обврски, а тие на Весна денес беа неодложни.

Музичарот потоа се осврна на љубомората во бракот, а додаде дека Весна, за разлика од неговата претходна сопруга Слаѓа Делибашиќ со која ја помина младоста, повеќе му одговара сега кога е позрела.

Се гледам со многу колешки, деловни партнерки, се гледаме во јавност и нема проблем, ниту треба да има. Знаете како, жената што е силна, сигурна во себе, не го притиска сопругот, бидејќи рибата што се притиска лесно лизнува, заминува. Јас можам да им одолеам на искушенијата, не верувам во заљубување на прв поглед. Всушност јас и Весна прво бевме колеги, а потоа се роди љубов. Што се однесува до тезата дека првото дете и втората сопруга најмногу се сакаат, морам да кажам дека воопшто не се согласувам со тоа. Кога си млад, сакаш поинаку. Со Слаѓа одлично се забавував, бев помлад, имав приказна со неа, а потоа во овие малку позрели години сум со Весна и таа ми одговара – призна Ѓоле во „Ексклузив“.

Стоeчки молчев додека се пишуваше дека се разведов заради Весна. Никогаш не ѝ реков на Слаѓа: извини, се разведовме поради тебе и Игор, не поради мене и Весна, таа дојде подоцна. Цело време молчев за тоа и оставив јавноста да мисли дека се разведовме затоа што јас ја изневерив со Весна – изјави Ѓоле пред неколку години, и додаде:

Да, тоа е точно, Весна дојде дури во 2001 година, а ние се разведовме во 2000 година, поради Игор. Точно е, прашајте ја и Слаѓа – заклучи популарниот танчар во интервјуто.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.