Пукна љубовта меѓу нив двајца: Брега нема намера да ѝ го прости ОВА на Северина!

Веќе нема „на вересија“

Популарниот музичар и поп-пејачката веќе не се во добри односи.

Северина Вучковиќ веќе две години го најавува издавањето на новиот албум, но никогаш не се случи тоа. Моментално, главната причина што го кочи проектот на хрватската пејачка е Горан Бреговиќ. Иако познатиот композитор е во пријателски односи со Северина, сепак не сака да ѝ даде дозвола да ги објавува песните што ги напишал додека таа не му плати 30.000 евра, пишува српски „Курир“.

Според изворот, Вучковиќ ја бие малер кога станува збор за песните на новиот албум. Прво задоцнила со снимањето, а потоа одлучила да смени некои песни, па Аца Лукас, со кого требаше да сними дует, ѝ го сврте грбот по изјавите во кои ја прозва Србија… Севе брзо мораше да смисли решение, односно да најде регионална ѕвезда со која ќе снима, а изборот падна на бугарскиот пејач Азис.

Токму кога сè беше готово и подготвено за објавување, Брега почна да го стега обрачот. Како што пишува српски Курир, тој минатото лето ѝ испратил порака на пејачката во која ја прашал кога ќе му плати за песните што ги направил за неа, бидејќи договорот бил тоа да го направи до есента. Северина му објаснила дека нема да може да ги обезбеди парите до тој датум, а композиторот ѝ одговорил „не е важно, кога ќе ги имаш ќе ги дадеш парите, а песните ќе те чекаат“.

Вучковиќ не му се налутила на Бреговиќ, со кого имала сличен проблем пред 15 години, кога ѝ ги напиша речиси сите песни за нејзиниот албум „Здраво Маријо“. Наводно, таа потоа побарала од Брега да ја почека за парите, а сума била поголема од 50.000 евра. Тој во име на пријателството со неа се согласил, но очигледно се покајал. Пејачката му го платила долгот на рати, а дури по повеќе од една година ја платила целата сума. Се зборува дека последниот дел од парите го платил нејзиниот тогашен емотивен партнер. Се чини дека Горан Бреговиќ „ја научил лекцијата“, па овој пат внимава кога е во прашање соработката со една од најголемите регионални ѕвезди.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.