Георгина Родригез е како подвижна реклама: Сè на неа е скапо, а само чантата ѝ чини 81.000 евра!

Важно ѝ е само да е скапо

Георгина Родригез знае како да ужива во животот – на Инстаграм споделила неколку фотографии што го разоткриваат нејзиниот луксузен живот

Свршеницата на Кристијано Роналдо ја бие глас дека не знае да се облече, туку дека важно ѝ е само да покаже колку пари има. Таа носи дизајнерска облека, бидејќи плакарот ѝ е полн со скапоцени фустани, обувки и чанти, а јавноста знае за тоа, бидејќи добила увид во нејзината приватност од нејзиното реално шоу.

Овој пат на Инстаграм покажала како изгледа додека со вози со приватниот авион на Кристијано Роналдо. Облечена во бело фустанче што се припива за нејзиното згодно тело и патики „Најк“, Георгина ставила акцент на чантата „Хермес“ која чини околу 81.000 евра.

Каде и да оди, Георгина со себе ги води сите деца, и оние што таа ги родила и оние што ги добил нејзиниот свршеник со сурогат-мајка.

Георгина со задоволство ги чува и тие деца како свои, а се зборува дека постои договор со кој се штити Георгина доколку се раздели од Кристијано. Имено, таа ќе добива околу 10.000 евра секој месец ако ја прекине врската со Роналдо.

И додека Кристијано Роналдо заработува од новите фудбалски договори, Георгина работи така што на престижни настани рекламира одредени брендови и дизајнери. Така, на годинешниот венецијански фестивал се појавила со ретка чанта „Хермес Биркин“, која чини повеќе од 200.000 евра, додека носела редок дијамантски накит што чини двојно повеќе од споменатата чанта.

Георгина Родригез жестоко исплукана од модните критичари: Бадијала кожата, свилата и дијамантите – не им се допадна ваква (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.