Од кујната на Дејв: Тортилји со мелено месо и зеленчук за ручек или вечера

Експлозија на вкусови

Пробајте ги тортилјите на Давор Панчевски

Ручек или вечера? Овие тортилји со мелено месо, превкусна мачканица и зеленчук се две во едно! Доживејте експлозија на вкусови по рецепт на Давор Панчевски!

Состојки:
  • 2 тортилји
  • 250 г мелено месо
  • 1 лажиче мешан сув зеленчук
  • мелен црн бибер по вкус
  • 1/2 лажичка суво оригано
  • листови зелена салата
  • парчиња свеж домат
  • црвен кромид, тенко исечкан
  • лута пиперка (или слатка) исечкана на тенки парчиња

За мачканицата:

  • 3 лажици кисела павлака
  • 1 лажиче сув копар
  • малку лук во прав
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • малку суво оригано

Приготвување:

1. Најпрво, во сад измешајте го меленото месо со мешаниот сув зеленчук, биберот и сувото оригано. Оваа смеса поделете ја на половина и со помош на лажица или шпатула нанесете ја на тортилја.

2. Загрејте нелепливо тавче на средна температура и испржете ја тортилјата со страната со мелено месо свртена надолу кон тавата. Гответе 4-5 минути. Превртете од другата страна и гответе уште 1 минута.

3. Промешајте ја киселата павлака со зачините и нанесете од мачканицата врз меленото месо.

4. Наредете парчиња зелена салата, сечкан домат, пиперка и црвен кромид. Превиткајте на половина и послужете. Забавно готвење!

Dave’s Kitchen: Лиснати индиски лепчиња
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.