Ким Кардашијан со новото момче отпатува на Бахамите: Деколте до папок и не ја трга насмевката! (ФОТО)

Парот ужива во љубовта...

Ким Кардашијан (41) и Пит Дејвидсон (28) не ја кријат својата врска, а овојпат заедно отопатуваа на Бахамите, каде биле „фатени“ како уживаат во прошетка и на брод.

За нивното романтично излегување, Ким облекла црна маичка која едвај и ги покрива градите, а деколтето е скоро до нејзиниот папок. Таа се одлучила за нешто поопуштен изглед, па маичката ја искомбинирала со црни пантални и крзнена торбичка.

Од друга страна, Пит бил во спортска комбинацја, дуксер и кратки панталони. Неговиот стајлинг бил надополнет и со шарени чорапи и сандали, а преку рамењата тој имал Луј Витон торба.

Покрај овој интересен аутфит, момчето на Кардашијан покажало и нова фризура. Тој се решил од бушавата руса коса и ја заменил со кратка фризура.

Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.