Овие 6 работи ги спречуваат парите да влезат во вашиот дом: Сигурно ги имате дома!

Фенг шуи

Секој предмет има одредена енергија

Според мислењето на фенг шуи-експертите, некои работи многу лошо влијаат врз приливот на пари во домот. Сметаат дека каква е енергијата во домот и неговото уредување, такви се и финансиите на домашните во него.

Постојат клучни точки во домот што се поврзани со финансии. Нередот не смее никаде да се задржува, бидејќи може да предизвика финансиски блокади и да доведе до тоа должниците да не ни ги враќаат парите. Застоената енергија во одреден дел од просторот ги оневозможува поголемите приходи. Запустениот подрум може да предизвика непланирано плаќање казни, макар и за паркинг.

Обрнете внимание на следниве делови од куќата!

1. Влезови

Влезната врата е дел од просторот што претставува влез на енергија, влез на нови можности и пристигнување пари. Влезната врата е отвор на главниот паричен тек.

Според правилото, ако поштарот не може да ја најде вашата врата кога врши испорака, нема да ве најдат ни парите. Ако вратата е преголема, сè ќе поминува покрај станарите во тој дом. Ако е премала: домашните се алчни и себични, а тоа не е добро за размена пари.

Влезната врата исто така мора да се отвора до агол од 90 степени за да можат парите слободно да влезат. Исто така, добро е да поставите порака „добре дојдовте“, бидејќи тоа е покана не само за гостите, туку и за парите.

2. Праг

Ако гостинот не може лесно да ја пронајде вашата влезна врата, нема да може ни енергијата на парите. Мрачниот праг на домот носи темна иднина, тешка кариера и тешко собирање материјални добра. Како да го поправите тоа: доброто осветлување и декорацијата пред влезот ќе претставува добре дојде и за гостите и за приходите.

3. Неред

Ако домот е исполнет со неред или со мали простории (шпајзови) кои се несредени и натрупани, не треба да се изненадите ако имате финансиски проблеми. Поправете го тоа: расчистете го нередот што побрзо, прередете ги работите во кутии и оставете го светлото вклучено прекуноќ (јанг енергијата на осветлувањето ја оживува мртвата точка во домот, а таа точка може да биде во дирекцијата на станот поврзана со кариерата, финансиите и наплаќањето).

4. Задниот дел од домот

Ако првото нешто што го гледате кога ќе влезете во вашиот дом се прозорците, тоа значи дека парите нема да се задржуваат во него. Како да го поправите тоа? Поставете керамички статуи, саксии со цвеќе на штиците под прозорецот…

5. Позицијата на домот и губењето финансии
  • дом на крајот од Т-крстосница: редовно ќе се губат пари
  • дом во дел на слепа улица: никогаш нема доволно приходи
  • дом со ритче одзади: сите финансии се трошат
  • дом во сутерен – немаштија
  • дом зад кој има река или друга вода: неможност да се плаќаат сметките
6. Внатре во домот
  • греда над шпоретот: проблем со финансии
  • греда над работната маса: недоволна заработка
  • нечист фрижидер: неплатени долгови
  • нечиста рерна: проблем со финансии
  • нечист шпорет: гарантирани финансиски проблеми

Најважно е да бидете отворени за прием на пари! Работете на енергијата на вашиот дом и верувајте. Направете кутија за богатство и активирајте ги приходите со употреба на паричник и монета-активатор.

Стари обичаи што привлекуваат пари во домот: Никогаш не позајмувајте пари на овој ден!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.