Стари обичаи што привлекуваат пари во домот: Никогаш не позајмувајте пари на овој ден!

Вреди да се проба, ништо нема да ве чини...

Фото: Unsplash

Нашите стари верувале во одредени обичаи кога станува збор за парите и сметале дека тие носат финансиска стабилност и дека привлекуваат благосостојба

Односот кон парите има директно влијание врз вашата финансиска состојба – така сметале нашите стари, кои никогаш не го чувале паричникот празен.

Па така, тие во преградата ја чувале првата банкнота што ја заработиле или парите што им ги подарил некој кого го сметале за добар човек. Таа банкнота или монета ја сметале за еден вид талисман за финансиска сигурност.

Како да привлечете енергија на пари

И денес се негува обичајот според кој кога ќе му подарите паричник некому, тој не смее да биде празен. Многумина чувале банкнота со најмала вредност во скриената преграда на паричникот – сметале дека оној што го прави тоа, подобро управува со парите.

На кој ден е најдобро да побарате покачување на платата

Денес се спроведени разни истражувања во врска со тоа како се однесуваат шефовите во текот на неделата, па се покажало дека четврток е идеален ден за барање покачување. Надредените тој ден се попопустливи, бидејќи ментално се подготвуваат за претстојниот викенд, додека нашите стари верувале дека среда претпладне е најдоброто време за тоа.

Од друга страна, според верувањата, сите трансакции што ќе ги направите навечер водат кон пропаст, а пари не се позајмуваат во вторник. Освен пари, не е добро да позајмувате леб и сол, бидејќи се сметало дека така финансиската сигурност ќе го напушти вашиот дом.

За парите да го „засакаат“ вашиот дом и буквално да се лепат за вас, на денот на исплатата на платата, не би смееле да извадите ни денар од сметка. Целата плата би требало да преноќи во вашиот дом, што во денешно време би значело на вашата сметка.

Навики што привлекуваат пари во домот

Нашите дедовци и баби сметале дека ако ги исчистите трошките од маса со голи раце или свиркате во куќата, парите ќе го одминуваат вашиот дом. Исто така, џебовите на облеката што виси во плакарот ја полнеле со ситни банкноти.

Домаќинките ги крпеле и најситните дупчиња на џебовите, бидејќи верувале дека парите така полесно ќе ви се „лизгаат“ од рака. За да има што повеќе пари во домот, внимавале на ниту една кошула или капут да не им недостигаат копчиња, а откако ќе ја изметеле куќата или дворот, метлата ја поставувале со дршката надоле.

Како дошло, така отишло

Парите што се добиени на коцка или се пронајдени, оштетените банкноти и ‘рѓосаните монети не носат среќа, па нашите стари не ги чувале во паричникот. Напротив, во прва пригода им ги дарувале на посиромашните од себе или ги трошеле што побрзо.

Крупна банкнота – финансиски талисман

Банкнотата со најголем апоен што ја имале, старите ја чувале во домот цела година, бидејќи сметале дека така ќе се наполнат домашните со енергија и ќе почнат да привлекуваат пари во домот.

Ставете го ова во паричникот и парите буквално ќе се слеваат во него: Неверојатен трик за привлекување богатство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.