Јуле Новак патува во финалето на „Заблескај“: Не очекував, но ми значат коментарите на Тара и Иван! (ФОТО)

Ја очекува „тешка“ борба во финале...

Во големото финале на талент шоуто „Заблескај“ ќе ја видиме и одличната Јуле Новак, која учествуваше во првата емисија.

Таа ја изведе маестрално нумерата „Пази се“ од филмот „Јужни ветар“ и со тоа го импресионираше жирито составено од познатите пејачи Александар Тарабунов и Иван Јованов од „Либеро бенд“.

Тие не ги штедеа позитивните коментари за Јуле и токму поради тоа, таа беше една од 10-те пријавени учесници во првата емисија која оди диркетно во финалето.

Јуле ни откри дека не очекувала да биде избрана токму таа да биде во финалето…

„Искрено не очекував, меѓутоа сакав да бидам слушната и оценета од искусни пејачи, за да стекнам поголема доверба во самата себе, кога се работи за моите вокални способности“ – ни откри таа.

Јуле ни откри и зошто баш таа песна со која реши да се натпреварува, а нејзиниот одговор е следен:

„Во тој период песната ми беше константно во глава и на „рипит“, па одлучив да пробам да ја испеам на мој начин. Не очекував толку позитивни коментари, затоа можам да кажам дека ми значи секој коментар од жири комисијата“ – вели младата пејачка.

Таа себе си во иднина се гледа со многу проекти, албуми и многу песни…

Погледнете го уште еднаш нејзниот настап:

Заблескај е оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од ОРБИТ.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.