Го прашаа преставникот на Австралија на Евровизија за Новак Ѓоковиќ: Неговиот одговор е хит!

Малку остана збунет!

Фото: Принтскрин

Српската претставничка на Евровизија, Констракта ја воодушеви цела Европа со својот настап во полуфиналето, по кој си обезбеди и големо финале закажано за во сабота.

Екипата на српскиот портал „Телеграф“ е во Торино од каде објавуваат многу ексклузивни материјали, а меѓу нив и претставникот на Австралија кој исто така обезбеди финале.

Српските новинари во Торино го прашале Шелдон Рајли што мисли за Констракта, која и тој признал дека бил воодушевен од неа.

„Ја обожавам… Бити здрава, бити здрава… – пеел Австралијанецот пред да добие прашање и за Новак Ѓоковиќ, односно ситуацијата во која српскиот тенисер се најде на почетокот на годината по доаѓањето во Мелбурн, каде му беше забрането да учествува бидејќи не е вакциниран, а на крај бил изолоран и потоа депортиран.

„Ха! Дали мислиш дека јас разговарам за спорт. Не знам ништо за спортот. Се надевам и му посакувам добро. Но, еве сега во светот се случуваат масовни и големи настани“ – рекол тој.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.