Чудни подароци: Пејачката Сека Алексиќ од сопругот прво доби кокошарник, па пиштол за годишница од брак!

Очигледно човекот избегнува клише подароци...

Српската пејачка Сека Алексиќ верувале или не – за годишница од бракот од сопругот Вељко доби на подарок вистински пиштол.

Сека открила дека неодамна добила дозвола за поседување пиштол и дека тоа било нејзина желба, да знае да пука и да оди на стрелиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

„Да, вистина е, за годишнината од бракот Вељко ми подари пиштол. Го прашав дали е свесен што направи. Тој се насмевна, а јас му реков дека мора понекогаш да се користи, ако дојде до таква ситуација. Ти си виновен, си го купил“, изјавила пејачката.

Инаку неодамна пејачката на социјалните мрежи се пофали со кокошарник во кој чува десет кокошки и два петли во дворот од куќата во Стара Пазова, кој го доби на подарок од сопругот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.