ШТЕТНИЦИ: Дознајте што не смеете да јадете на празен стомак

Фото: Getty Images

Појадокот го одредува целиот ден. Од него во голема мера зависат расположението, работната способност, енергијата, па дури и тежината. Затоа на некои производи наутро не им е местото на вашата трпеза.

Свежо цедени сокови – извор се на прости шеќери. Шеќерот многу брзо се апсорбира во крвта, па нивото на инсулин се зголемува. Како резултат на тоа, процесот на акумулација на маснотии се забавува, а заситеноста поминува брзо.

Со што да се заменат? Кашести сокови, особено оние од зеленчук.

Факт – штетно е да се јадат цитруси на празен стомак. Ова овошје содржи киселини што, кога ќе стигнат во празен желудник, може да предизвикаат ждригавица и да го зголемат ризикот од појава на гастритис и чир.

Овесна каша: за нејзиното приготвување често се користи обработено зрно. А тоа е производ со висок гликемиски индекс, кој провоцира покачување на инсулинот.

Со што да се замени? Правете овесна каша од цело зрно, претходно потопено во вода од шест до осум часа. Дури и ако користите снегулки, намалете ја вообичаената порција и додајте корисни бобинки.

Печива и десерти: во нивниот состав има пченично брашно, масти и многу шеќер. Ефектот врз телото е ист како кога се во прашање соковите и овесната каша. На почетокот нивото на гликоза брзо скока, предизвикувајќи краткотрајно чувство на ситост, кое брзо поминува и повторно сме гладни.

ШТО Е КОРИСНО?

Протеини: посно месо, живина, риба, јајца, урда, сирење, домашно кисело млеко. Протеините го забрзуваат метаболизмот, им треба долго време за да се сварат и добро заситуваат.

За подобра апсорпција и варење, пожелно е протеините да се комбинираат со зеленчук (на пример, омлет со салата).

Прекрасна варијанта за појадок ќе биде и каша од хелда, од лен, од кафен ориз, приготвена на вода. Сложените јаглехидрати полека се апсорбираат и не предизвикуваат ненадеен скок на инсулинот. Тоа е исто така и добар извор на енергија. Исто така, подобро е да ги јадете со гарнир од зеленчук.

Пишува: Екатерина Пронина, диетолог

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.