Зошто се вели дека солта е бела смрт?

Пет чекори за здравје

Одговорот го најдовме кај специјалист за диететска исхрана, чиј совет треба да се земе предвид – да се намали количеството на сол за да се подобри здравјето.

Кога има вишок на сол во организмот се гради следниот синџир: многу сол – задржување течности во организмот – нарушување на процесите на метаболизмот – оптоварување на бубрезите, срцето и на крвните садови.

Како последица на тоа, се јавува оток, се зголемуваат интракранијалниот притисок (во внатрешноста на черепот) и артерискиот притисок, се зголемува агитацијата на нервниот систем, жед, потење.

Ако постојано јадете многу сол, многукратно се зголемува ризикот од мозочен удар, исхемична срцева болест, срцев удар, бубрежни заболувања, па дури и – деменција!

Пет чекори за здравје

Ако одлучите да ја контролирате употребата на сол, почнете да го намалувате нејзиното количество – постепено, за да се навикне организмот на тоа (ништо не смее нагло!).

1 Обидете се поретко да купувате полуготови производи (салами, колбаси), посолени, конзервирани и чадени намирници.

2 Откажете се од кечап, соја-сос и мајонез.

3 Солете ги јадењата дури на крајот на приготвувањето.

4 Во храната ставајте повеќе други зачини (секако, без сол во нивниот состав!) – тие одлично го подобруваат вкусот на несолените јадења.

5 Доколку изедете нешто солено – тој ден треба да јадете повеќе производи со висока содржина калиум (свежо овошје и зеленчук).

Трудете се да не го надминувате количеството на сол од пет грама дневно (лажиче) – тоа е нормата. Тука се собираат сите намирници што ги јадете и содржат сол. Дури и децата постепено навикнувајте ги да јадат помалку сол или да јадат несолена храна. На почетокот ќе досолуваат, но со текот на времето ќе се навикнат.

Невозможно е, па дури и непотребно, целосно да ја исфрлите солта од употреба. Но секој може да го намали количеството. Најдете ја златната средина за себе и бидете здрави!

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.