Пилинг за лице и деколте: Кожата ќе ви рече „благодарам“

Рецепт

Даниела Тепша (25) е млада мајка која потекнува од мал град на северот на Војводина. Отсекогаш се стремела кон поздрав начин на живот, а во 2015 година на студентска размена во Швајцарија сфатила дека сака и таа да го прави тоа.

Таа на својот инстаграм-профил sitafit.com_ споделува суперкорисни совети за исхрана од растително потекло, а покрај тоа споделува и рецепти за природна козметика кои сама ги прави преку својот блог.

Веќе зборувавме за нејзините домашен дезедоранс и маска за отстранување на токсините, а овој пат таа со нас споделува рецепт за пилинг на лицето и деколтето.

Пилинг за лице и деколте

И овој рецепт на Даниела се прави за пет минути, а ефектот што го остава на кожата е неверојатен.

Потребно е:

– полна лажица растителен глицерин или масло од авокадо

– ¾ лажица сода бикарбона

– 3 капки есенцијално масло од лаванда

– 3 капки есенцијално масло од чајно дрво

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки. Да се ​​чува во затворен стаклен сад. Користете еднаш неделно како пилинг за лице и деколте.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.