Инфарктот може да се предвиди: Еден месец пред срцевиот удар, телото ги испраќа овие 7 сигнали!

Тврдење на лекари

Треба внимателно да го слушате телото

Дури 50% од луѓето што доживеале срцев удар, ги имале овие симптоми еден месец претходно. На повеќето од нив не им обрнувале внимание, а тоа ги чинело живот. Сите заболувања може да се излечат доколку го слушаме телото, па затоа внимателно слушајте што ви порачува организмот.

Некои од пациентите што преживеале срцев удар откриле дека еден месец претходно почнале отежнато да дишат, а некои имале и болки во прстите и во нозете. Дури 70 отсто од нив чувствувале необјаснив замор.

Еве на кои симптоми треба да обрнете внимание, бидејќи тие се знак дека срцето не работи како што треба.

1. Замор

Кога артериите ќе се стеснат, срцето прима помалку крв одошто е навикнато поради што работи многу потешко. Тоа е причината зошто се јавува замор.

2. Губење здив

Кога срцето добива помалку крв, тоа значи дека и белите дробови добиваат помалку кислород од нормалното. Ако забележите проблеми со дишењето, проверете го срцето за секој случај.

3. Слабост

Ако телото ви ослаби или чувствувате слабост, тоа е така затоа што артериите станале тесни и не ѝ дозволуваат на крвта да циркулира правилно. Тогаш мускулите не го добиваат она што им е потребно и може да се јави инфаркт.

4. Вртоглавица и ладна пот

Слабата циркулација е виновникот за тоа што протокот на крвта во мозокот е ограничен, а тоа е многу опасно по живот. Во таква ситуација ќе почувствувате вртоглавица и збунетост. Не ги игнорирајте овие знаци.

5. Притисок во градите

Ако имате рани симптоми на срцев удар, најверојатно ќе почувствувате и немир во градите, мала болка или покачен притисок. Ако таквата болка се засилува и почесто се јавува, задолжително одете на лекар.

6. Симптоми на грип или настинка

Ако се чувствувате како да имате симптоми на грип или настинка, може да се работи за најава за срцев удар во блиска иднина. Многу луѓе кои преживеале срцев удар подоцна кажале дека неколку дена претходно имале такви симптоми, какви што се кашлица или грозница.

7. Мачнина и губење апетит

Чувството на мачнина, слабост во желудникот и повраќање, не се ретки кога станува збор за срцев удар.

Кога ќе ја отфрлите оваа навика, ќе го намалите ризикот од инфаркт за 50%
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.