Атопичен дерматитис – превенција и регулирање кај деца и возрасни

Mултидисциплинарно предавање

Медицината сè уште не пронашла соодветен лек за ова заболување, но одредени третмани и мерки што сами можеме да ги преземеме, можат значително да ги олеснат типичните симптоми на атопичниот дерматитис, па дури и да ги намалат новите „напади” на чешање и преостанатите симптоми.

Атопичен дерматитис е најчестиот облик на егзема, односно состојба што ја прави кожата црвена и предизвикува чешање. Најчесто се појавува кај децата, но може да се појави на која било возраст. Се работи за долготрајна, односно хронична состојба со тенденција да се јавува/враќа периодично.

Медицината сè уште не пронашла соодветен лек за ова заболување, но одредени третмани и мерки што сами можеме да ги преземеме, можат значително да ги олеснат типичните симптоми на атопичниот дерматитис, па дури и да ги намалат новите „напади” на чешање и преостанатите симптоми.

По повод едукација и помош на луѓето што се соочуваат со оваа состојба, аптеките „Бела фарм“ организираа мултидисциплинарно предавање на тема „Атопичен дерматитис – превенција и регулирање кај деца и возрасни“.

Магистер д-р Розјана Јанева, од ПЗУ ОВА Медика Неготино, како специјалист во областа на  гинекологијата, ги едуцираше трудниците за рана превенција и третман на атопичен дерматитис во пренаталната фаза.

Магистер д-р Наташа Теовска Митревска, спец. по дерматологија од општата болница Ремедика обезбеди темелен преглед на симптомите и третманот на болеста.

Додека бренд-менаџерките на водечкиот светски бренд на медицинска козметика La Roche Posey ги презентираа производите од линијата Lipikar, кои се број еден според препораките на дерматолозите.

На настанот присуствуваа гости од јавниот општествен живот во Неготино, здравствени лица и трудници како дел од критична група пациенти, а предавањето беше емитувано и на локална телевизија, со што настанот ја оствари својата крајна цел за масовна едукација и подобрување на здравствената свест кај луѓето за ова мултидисциплинарно заболување.

Аптеки „Бела фарм“ од Неготино и Кавадарци, како дел од примарниот здравствен сектор, секојдневно се среќаваат со нови здравствени предизвици. Како општествено одговорна компанија дејствуваат за да обезбедат што поголема здравствена едукација на населението.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.