Познат диететичар предупредува: Никако не смеете да си легнувате гладни – еве зошто!

Совет на експерт

Доколку сте на одреден режим на исхрана за да ги изгубите вишокот килограми, никако не го практикувајте тоа да не јадете по 18 часот – тоа нема да ви донесе придобивки, напротив!

Имено, одењето на спиење со празен стомак не е добра идеја, доколку во текот на денот доволно сте потрошиле или, пак, сте јаделе малку.

Ако одите на спиење гладни, тоа нема да има позитивно влијание врз намалувањето на телесната тежина, а од друга страна може да се соочите со бројни последици.

Според тврдењата на диететичарот Весли Делбрџ, во вакви ситуации нашиот организам не може да влезе во длабок сон, бидејќи гладот е состојба што го држи мозокот во состојба на будност.

Што може да произлезе од тоа?

Лошо влијание на срцето

Во недостиг од нутриенти чии протеини телото ќе ги преработи во мускули, телото ќе почне да црпи енергија од мускулите, тврди Европското друштво на кардиолози. Исто така, долготрајната фаза на глад за време на сонот, лошо влијае и врз најважниот мускул на човекот – срцето.

Покачување на телесната тежина

Падот на нивото на шеќер во крвта може да предизвика глад, што може да ве натера да посегнете по првото нешто што ќе ви се најде при рака, а таквата храна ќе доведе до зголемување на телесната тежина. Спиењето со празен желудник ќе го наруши и нивото на шеќерот во крвта, што на крај ќе има лошо влијание врз вашиот метаболизам. Па затоа, се препорачува грицкање коцки темно чоколадо и грст ореви што ќе ве држат сити до утрото.

Недостиг од енергија

Создавањето енергија е процес што се случува во текот на целиот ден во нашето тело. Во недостиг од протеини, тој процес се забавува, што може да доведе до недостиг од енергија. Универзитетот на Флорида го анализирал нивото на енергија на оние што пред спиење консумирале 30 г протеини и оние што не го направиле тоа. Резултатите покажале дека оние што консумирале протеини имале високо ниво на енергија, додека оние што спиеле гладни немале.

Побрзо ќе се лутите

Универзитетот Кембриџ потврдил дека гладот предизвикува раст на нивоата на хормоните што реагираат на однесувањето. Тоа има влијание врз деловите од мозокот што инаку ја контролираат лутината. На тој начин, гладот може да го предизвика ова негативно чувство.

Доколку, пак, одите на спиење гладни, важно е откако се разбудите да изедете конкретен оброк што ќе содржи голема количина на протеини и влакна.

А познатиот диететичар препорачува последниот оброк да ви биде отприлика 2 часа пред да си легнете.

Нутриционистите го откриваат своето мислење за палео диетата: Еве зошто е добар овој начин на исхрана!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.