Намирници што помагаат во разредувањето на крвта и спречувањето појава на тромб: Ако имате проблеми со срцето, ова е спасот!

Нутриција

Кога крвта е погуста одошто е медицински неопходно, постојат големи шанси за создавање тромбови, а тоа со текот на времето може да доведе до срцев или мозочен удар

Ви носиме список на намирници кои го спречуваат згрутчувањето на крвта. Ако сакате да ја разредите крвта, најдобро би било да ги вклучите овие намирници во исхраната.

Ѓумбир

Ѓумбирот е познат по своето антивирусно дејство, но коренот од ѓумбир има уште едно драгоцено својство: ја разредува крвта. Коренот го содржи соединението гингерил кое го отстранува холестеролот во плакот и ги раствора крвните грутки, ја нормализира циркулацијата на крвта во мозокот и ги зајакнува артериите. Корисен е при лекување атеросклероза во комбинација со други тераписки мерки. На база на корен од ѓумбир се произведуваат диететски суплементи кои служат како превенција и лекување варикозни вени. Но важно е да се запомни дека препорачливо е да се консултирате со доктор околу употребата на ѓумбирот.

Куркума

Куркумата е природен антикоагуланс. Има способност да ја разредува крвта и го снижува срцевиот притисок, што е погодно за оние кои страдаат од хипертензија. Куркумата го намалува шеќерот во крвта, го подобрува кардиоваскуларниот систем и ефикасна е кај Алцхајмерова болест. Покрај тоа, овој зачин дејствува како силен антиоксиданс.

Лук

Лукот е природен антикоагуланс. Содржи биолошки активни соединенија кои ја намалуваат вискозноста, спречуваат адхезија на црвените крвни зрнца вклучени во процесот на згрутчување на крвта – тромбоцитите. Сето ова ја минимизира веројатноста за појава на крвни згрутчувања. Ако секој ден јадете 3 чешниња лук, можете да ја активирате ресорпцијата на крвни згрутчувања. Алицинот во составот на лукот ја ублажува напнатоста на ѕидовите на артериите, го проширува волуменот на крвните садови, го покренува протокот на крвта и го намалува оптоварувањето на срцевиот мускул.

Цимет

Циметот е моќен антикоагуланс поради содржината на кумарин. Додавањето цимет во чајот е многу корисно, бидејќи може да помогне во намалувањето на веројатноста за појава на кардиоваскуларни болести.

Каенски бибер

Каенскиот бибер позитивно влијае врз васкуларниот систем на телото, овозможувајќи им на вените, артериите и капиларите да ја вратат потребната еластичност. Овој производ го активира протокот на крвта, го поттикнува разредувањето на крвта и го подобрува протокот на крвта до екстремитетите.

Зелен чај

Исклучително богат со природни антиоксиданси – полифеноли. Тие помагаат во заштитата на телото од предвремено стареење. Катехинот во зелениот чај ја разредува крвта, притоа намалувајќи ја веројатноста за појава на крвни згрутчувања во артериите, го подобрува васкуларниот тонус и влијае врз намалувањето на притисокот.

Што може да предизвика згрутчување на крвта?
  • Еден од симптомите по прележан коронавирус е и згрутчување на крвта, што е причинител на многу смртни случаи.
  • Високата концентрација на шеќер и јаглехидрати во исхраната, консумацијата на алкохол, чадената и масна храна, недостигот на вода во телото, недостигот на ензими и витамини во телото…

Доколку чувствувате каков било проблем, одете на лекар, консултирајте се за промена на исхраната која многу може да ја подобри вашата здравствена состојба.

Совет на кардиолог: Ако почувствувате симптоми на инфаркт, веднаш направете ги овие 2 работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.