Летен фаворит: Откријте ги сите здравствени придобивки од лубеницата

Вкусно и здраво

Слатка и освежувачка, лубеницата е омилено летно овошје за многумина!

Хидратација

Бидејќи содржи околу 90 проценти вода, лубеницата нуди електролити како калиум, што ја прави здрава закуска во жешките летни денови. Не е важно дали ја јадете свежа, во форма на сок или замрзната – секогаш ќе биде исто толку здрава.

Влијае на мозокот и нервниот систем

Холин е уште еден антиоксиданс кој се наоѓа во лубеницата и влијае на:

  • Мускулна работа
  • Меморија
  • Пренесувае на импулси во нервниот систем
  • Ран развој на мозокот.

Една теорија појаснува како холин може да помогне во забавување на развојот на Алцхајмеровата болест, но неме доволно докази.

ФОТО: Unsplash

Спречува појава на болка во мускулите

Сокот од лубеница и лубеницата може да ја намалат болката и да ја зголемат брзината на закрепнувањето кога станува збор за болни мускули. Во една студија за 2017 година, на професионалните спортисти им беше понуден сок од лубеница со додаден Л-цитрулин два часа пред маратонот, а тие, за разлика од оние кои добија друга течност, известија дека нивните мускули боледуваат помалку од 24-72 часа по трката. Не е познато дали сокот од лубеница без додаток би помогнал.

За поубава кожа

Бидејќи е полна со витамин Ц, кој му е потребно на организмот да произведе колаген, кој е одговорен за здравјето на клетките и силниот имунитет, лубеницата е исто така одговорна за неговиот добар изглед. Исто така, богата е со ликопен, состојка која го забавува процесот на стареење и ги прави „дамките“ и сите лузни помалку видливи.

Влијае на метаболички синдром

Студијата објавена во 2019 година заклучува дека состојките на лубеницата можат да ги подобрат функциите на метаболниот синдром, што вклучува и дебелина. Студијата е спроведена на 33 лица кои биле дебели или имале прекумерна телесна тежина и морале да консумираат или 300 грама лубеница на ден или колачиња со нискокалорично ниво четири недели. Оние што јаделе лубеница рекле дека се помалку гладни од оние кои јаделе колачиња. Покрај тоа, луѓето кои јаделе лубеница по четири недели имале:

  • Повисоко ниво на антиоксиданти во организмот
  • Тие изгубиле килограми
  • Понизок систолен крвен притисок.

Делува како диуретик

Некои луѓе користат препарати и лекови за да испуштаат вишок вода и сол, што може да биде корисно ако имате проблеми со бубрезите, висок крвен притисок и други состојби. Една студија од пред шест години заклучи дека лубеницата може да биде исто толку ефикасна како и некои апчиња. Но, без да разговарате со лекар, не ги заменувајте лековите со лубеница!

Прочитајте и: Стомакот како мини-мозок: Не можете без слатко?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.