Грешка што ви го уништува здравјето: Ако сакате силен имунитет, јадете намирници во оваа боја за појадок!

Дознајте од експертите

Дознајте која храна го зајакнува имунитетот, но и која грешка го нарушува, како и што точно да јадете како најздрав појадок

Гастроентеролозите откриле кои грешки во исхраната го нарушуваат имунитетот.

Првата ќе ве изненади – нема врска со намирниците, туку со начинот на кој ги внесувате.

„Храната треба да ја џвакате полека, така ќе се заштитите од болести. Плунката е полна со ензими. Не треба да брзате да ја внесете храната во желудникот, туку да дозволите таа плунка да ја обложи усната празнина. Тоа спречува инфекција на ешерихија, стрептокока. Мора да дозволиме да се излачи доволно плунка за да се спречи лепењето на микробите. Џвакањето и голтањето треба да бидат бавни. Така не само што ќе уживате во вкусот на храната, туку и ќе се заштитите од инфекции“, откриваат тие.

Постои точен рецепт што да јадете за да внесете оптимална количина на хранливи материи, особено за појадок.

„За појадок изедете еден антивоспалителен коктел од овошје! Сé што има жолта боја, јадете го за појадок. Тоа се антиоксиданси што ја зајакнуваат одбраната од инфекции. Грејпфрутот, портокалот и ананасот се клучни. Јадете ги на празен стомак за подобро да се апсорбираат“, советуваат експертите.

Цитрусите исцедете ги како сок или изедете ги, а потоа пригответе јајца со зеленчук. Но прво, послушајте го советот како да препознаете здраво јајце.

„Во зимскиот и прелазниот период, во појадокот додајте две-три грилувани печурки. Јајцето е основен нутриент, но задолжително додајте неколку печурки. Потоа, еден домат, свеж или варен, како сакате, но мора да го застапите. И слободно јадете јајца секој ден“, додаваат тие.

Печурките содржат бетаглукан, кој се апсорбира во слузницата и има антивоспалително дејство. Во пролет подобро е да пиете јогурт отколку слатко млеко, и тоа таков со помалку лактоза.

Уште еден совет: доматот содржи А, Ц и Е витамини и најдобро е да го јадете малку подгреан.

Ако сепак сте дел од оние што стануваат пет минути пред да треба да тргнат на работа, најдобро би било да ја смените оваа навика.

„Тука нема помош. Појадокот е најважен. Во старите домаќински семејства тој траел половина час, и тоа мора да се почитува. Тоа е во функција на нашиот имунитет. Подобро е да спиете половина час помалку и да појадувате“, заклучуваат експертите.

Појадок што го труе телото: Ова никогаш не смее да ви биде утрински оброк!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.