Диетата на Џесика Алба: Вака актерката успеа да изгуби 5 килограми и да ја доведе линијата до совршенство!

Фото: Инстаграм

Овој план на исхрана не бара големи жртви и гарантира слабеење на сосема природен начин.

Иако нејзината фигура е секогаш беспрекорна, Џесика Алба (39) признава дека имало период кога се опуштила и се здебелила неколку килограми. Во такви ситуации, таа секогаш прибегнуваше кон оваа диета.

Станува збор за јадење храна што му е угодна на вашето тело и има корисен ефект врз кожата и целокупната состојба на организмот. Оваа диета не вклучува броење калории, туку правилен избор и комбинација на храна.

Џесика Алба ги следи овие едноставни правила:

Појадокот е секогаш ист

Со правење богато и здраво смути за појадок, ќе го наполните вашето тело со богати хранливи состојки, ќе му дадете доволно енергија да го започне денот и да издржи без глад до ручекот. Направете зелено смути со малку протеински прав, авокадо, чиа семе, спанаќ и бадемово млеко и ќе видите како ќе се променат вашето тело и организам. Заедно со смутито, можете да јадете и парче или две тост.

Во текот на денот, исто така има и две закуски, кои главно се состојат од зеленчук или јаткасти плодови.

Ручек и вечера

Почитувајте ја основната „четворка“. Бидете сигурни дека вашата чинија е богата со четири работи: протеини, здрави масти, влакна и зелена боја. Во комбинација, тие ќе регулираат околу 8 хормони на глад и ќе го балансира нивото на шеќер во крвта.

Движете се

Што се однесува до вежбањето, таа има став дека не постои универзална најдобра физичка активност, но дека секој го прави она што најмногу го сака. Таа најмногу ужива во кардио тренинзите и оди во теретана 2 или 3 пати неделно.

Прочитајте и: Проверете зошто оваа диета е толку популарна: Со овој план на исхрана, ќе изгубите тежина на сосема здрав начин!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.