Осум митови за вежбањето во кои мора да престанете да верувате

Бидете претпазливи

Редовното вежбање и физичката активност ќе ви помогнат да изгубите тежина, да ја подобрите кондицијата, да го зајакнете вашето тело и да го кревате расположението и да одржувате добро ментално здравје.

Но, ако сте почетник кој штотуку се запознава со светот на вежбање, најверојатно ќе наидете на погрешни информации и митови на кои никогаш не треба да верувате. Ова се некои од нив.

За да останете во форма, доволно е да вежбате еднаш или двапати неделно

Експертите и науката велат дека резултатите бараат најмалку три тренинзи неделно. Би било совршено ако имате физичка активност секој ден, па дури и одење.

Најдобро време за вежбање е рано наутро

Најдоброто време за вежбање е времето што ви одговара и времето кога ќе можете да се посветите на тренинг. Вежбањето треба да стане дел од вашата рутина, затоа не присилувајте се да го сторите тоа во време што не ви одговара.

Кревањето тегови ги претвора мастите во мускули

Не е можно да се претворат маснотиите во мускулна маса, бидејќи, пред сè, тоа е различен вид ткиво. Но, со правилна исхрана и вежбање, можете да согорите маснотии, а потоа да изградите мускулна маса.

Загатките и менталните игри се најдобри вежби за мозокот

Научно е докажано дека физичката активност и тренингот имаат подобар ефект врз мозокот и менталното здравје отколку менталните игри.

Вежбањето е најдобриот и најефикасниот начин за слабеење

Ако сакате да изгубите тежина, треба да знаете дека не можете да јадете сѐ што сакате, па потоа тоа да „го извадите“ од вашето тело со вежбање. Експертите велат дека е неопходно да се промени исхраната, затоа што при губење на тежината здравата храна игра многу поголема улога од вежбањето.

Потребни се најмалку две недели за да се влоши кондицијата

Кај повеќето луѓе, мускулите почнуваат да се релаксираат по една недела пауза од вежбање. Значи, треба да бидете редовни во вежбањето затоа што за само седум дена вашето тело може да излезе од форма.

Трчањето на долги растојанија е идеален начин за постигнување резултати

Трчањето брзо на кратки растојанија може да биде исто толку добро како и трчањето со часови. Научно е докажано дека трчањето еден час неделно е исто толку добро за здравјето како и трчањето три или повеќе часови неделно.

Спортските пијалаци се најдобри за рехидратација после тренингот

Повеќето спортски пијалаци содржат голема количина шеќер, затоа треба да бидете претпазливи при купување на нив. По тренингот, експертите препорачуваат обична вода и храна богата со протеини.

Прочитајте и: 7-минутен тренинг за затегнат задник за кој не мора да станете од кревет

 

ФОТО: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.