Нема да ви се верува дека ова е истата жена: „Ослабев 55 кг следејќи само ЕДНО правило!“
Неверојатна трансформација
Нејзината трансформација е чудесна!
Мајка на две деца, која изгубила неверојатни 55 кг за само 15 месеци, ги споделила тајните на својот успех. Открила дека следела едно правило: имала цел да слабее по 700 г неделно.
Сисили Гудвин (27) од Велика Британија пиела по 10 кафиња дневно, редовно уживала во храна од КФЦ, што ја довело до тоа да стигне до 128 кг.
Но откако го променила својот режим на исхрана и почнала да вежба, се трансформирала однатре и однадвор.
View this post on Instagram
„Изгубив 55 кг така што во просек слабеев по 700 г неделно“, рекла Сисили.
„Многу луѓе целат на 2 кг, но мене тоа едноставно не ми успеа. Одлучив да заземам умерен и опуштен пристап кон губењето килограми и тоа успеа“, додала таа.
View this post on Instagram
Сисили рекла дека не престанала да излегува на вечери или да јаде чоколадо. Имала токсична врска со храната со години и секогаш имала проблем со килограмите, и покрај тоа што испробувала безброј диети секоја година.
View this post on Instagram
„Не ми беше грижа дали јадам здраво, бидејќи ми се чинеше дека тоа не е важно. Мислам дека тука почнаа голем дел од моите здравствени проблеми“, рекла таа.
Таа рекла дека слабеењето било тешко, но дека најтешко ѝ било да не ги врати изгубените килограми.
View this post on Instagram
„Пијте по три литри вода, правете по 10.000 чекори, уживајте во кашести сокови со овошје, правете по 100 клекнувања (ако можете) и приготвувајте оброци што ќе ги чувате во замрзнувач“, порачала таа.
Во типичен ден, Сисили за појадок пие кашест сок, руча полнети печурки, а вечера печено пилешко месо со зеленчук. За ужина јаде чоколадо со чиа семе или здрави мафини.