Родителите манипулатори постојано им ја кажуваат оваа токсична реченица на своите деца и така им ја уништуваат психата!
Психолозите предупредуваат
Родителите не се ни свесни какви последици може да остави оваа реченица на детската психа
Односот на родителите кон децата, особено кога се многу мали, е нешто многу комплексно. Некогаш не сме ни свесни дека некои реченици или постапки можат многу да влијаат врз детската психа, а потоа и врз нивното однесување во иднина. Не е лесно да се воочи кога односот на мајката и таткото кон нивните деца е токсичен, што може да им остави трауми за цел живот.
Постојат родители што користат манипулаторски тактики за да стекнат одредена контрола, влијание или да остварат свои лични желби и цели, како на пример, децата да ги завршуваат домашните обврски, па дури и да задоволат некоја своја емоционална потреба.
Психолозите за порталот Parenting for Brain истакнуваат дека родителите манипулатори користат разни средства за да ја исполнат својата замисла, а тоа се:
- емоционална манипулација
- лаги
- предизвикување чувство на вина
- закани
- други форми на психичка злоупотреба
Една од најчестите реченици што ја користат родителите манипулатори е „не сакам да зборувам со тебе“, односно казнуваат со молчење.
Ова, за жал, е една од најсуровите тактики, бидејќи казнувањето со некомуникација прави детето да се чувствува лошо поради нешто што направило или не направило, а тоа нема воопшто добро влијание врз неговата психа.
Коментарите се заклучени.