Стомачни мускули на трудничкиот стомак на Адријана Лима (ФОТО)

Фасцинантно, нели?

Адријана Лима, која е во својата трета бременост, ја поддржа интересната идеја начната од Ријана, која изјави дека никогаш нема да се облекува во одделот за трудници, и прошета во црн мини-фустан со исечени детали, кои го откриваа нејзиниот стомак.

Носејќи ја оваа креација на Александар Ванг со длабоки, кожени црни чизми, таа прошета на модната писта по повод ревијата на Fortune City.

Покрај самиот дизајн, кој ја стави 40-годишната манекенка на Викторија Сикрет во центарот на вниманието на настанот, она што посебно го привлече вниманието беа нејзините стомачни мускули, кои исто така беа јасно водливи на трудничкиот стомак. Доста фасцинантно, нели?

Адријана преку објава на Инстаграм го откри полот на третото дете, а по двете девојчиња што ги има со кошаркарот Марко Јариќ, сега очекува син со Андре Лемерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.