Orto Parisi – колекција на парфеми инспирирана од мирисите на животот: телото и земјата

Orto Parisi е проект кој е основан од Алесандро Гуалтиери, креаторот познат по својот личен бренд Nasomatto – „Лудиот нос“.

Ова е колекција на парфеми инспирирана од мирисите на животот: телото и земјата, градината во Пуља (orto на италијански значи „градина“) во која креаторот ги поминувал летата со својот дедо, чие име е Винченцо Паризи.

Orto Parisi го доживува нашето тело како градина, а неговите мириси како огледало на душата. Префинети и софистицирани, овие парфемски екстракти ги репродуцираат природните мириси на телото од кои сме се одвикнале, затоа што вишокот душа стана неподнослив до таа мера што нашиот природен анимализам стана потиснат од цивилизацијата.

Секое шишенце на парфеми е украсена со единствено капаче, направено од материјал кој е поврзан со темата на мирисот.

Во чест на знаењето на предците поврзано со кожните занаети, Cuoium е моќен мирис кој го комбинира карактерот на кожата со топлината на темјанот и сладоста на темјанушката, оживеана од цитрусната свежина на мандарината. Мирисот е нагласен со рѓосано метално капаче, обложено со кожено лого.

Меѓу парфемите на Orto Parisi, Cuoium е единствениот мирис што се продава со отстранлива кожена обвивка.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.