Како е можно фустан од 10.000 евра да не е доволно свечен? Секоја чест за Пенелопе, но овој фустан е чиста утка!

Како ви се допаѓа?

Неодамна, на премиерата на филмот Official Competition се појавила актерката Пенелопе Круз во креација на Шанел, што не била оценета како нејзино најдобро издание

Пенелопе се појавила во долг, црно-бел фустан со необичен дезен, а парчето ѝ припаѓа на колекцијата на брендот Шанел за 2021/2022 година. Цената на оваа креација е неверојатни 9.860 евра. Фустанот убаво ѝ стои, но многумина оцениле дека не е доволно свечен за ваков настан, додека имало и такви што сметале дека е полн погодок.

Сепак, она што можеме да го кажеме е дека насмевката и харизмата на прекрасната Пенелопе и овој пат ја засениле модната комбинација.

Ова не е првпат Пенелопе совршено да „изнесе“ креација. Таа е толку шармантна, самоуверена и силна што слободно може да се појави и во вреќа, а да изгледа фантастично!

Инаку, благодарение на харизмата Пенелопе стигнала до тоа да биде една од најбараните актерки што го сочувале природниот изглед и стареат достоинствено.

Како ви се допаѓа овој фустан?

Вака се облекува вистинска ѕвезда и дама: Потполна модна доминација на Пенелопе Круз!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.