Вака се облекува вистинска ѕвезда и дама: Потполна модна доминација на Пенелопе Круз!

Стајлинг за десетка!

Актерката уште еднаш ги оставила сите без здив со својот беспрекорен стајлинг

Пенелопе Круз прошетала на црвениот килим на 78. Венецијански филмски фестивал и ги „осветлила“ сите околу себе. Актерката со уште една совршена тоалета докажала не само дека е дама со стил, туку и дека умее да го носи со став тоа што ќе го облече.

Убавата Шпанка облекла снежнобел фустан со дискретни бранови во три слоја, на едно рамо, без никакви дезени или украси, во кој изгледала како ѕвезда, онака како што и треба да изгледа – екстравагантно, умерено, а гламурозно!

Целиот стајлинг го надополнила со висока пунџа, исто така без премногу детали и со умерена шминка, каква што и прилега на ваква модна комбинација.

Секако, не смееме да ги заборавиме и божествените висечки бисерни обетки кои на целата комбинација ѝ дале дополнителна доза на гламур.

Едно големо браво за Пенелопе! Вака треба да се облекува вистинската дама!

Пенелопе Круз ги стаписа сите со својот изглед: Еве зошто (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.