Стилски трикови за совршен деловен стајлинг: Бидете најдобро облечената личност во канцеларија!

Совет на експерти

Гардеробата што ја носиме има големо влијание врз тоа како се чувствуваме и каков впечаток оставаме, па затоа одбирајте паметно

Деловната гардероба не мора да биде здодевна и строга. Доколку си поиграте малку со модата, можете да направите интересни модни комбинации поради кои сите ќе ви завидуваат.

Деловното опкружување, сепак, има одредени правила на облекување, што не е добро да се прекршат. За да изгледате добро, но и во согласност со опкружувањето, водете се според овие модни правила:

Вистинскиот крој е основата на секоја добра комбинација

Внимавајте на тоа гардеробата целосно да ви одговара. Во премногу тесна ризикувате да изгледате вулгарно, додека во поширока гардероба ќе оставите впечаток на неуредна личност. Одбирајте кроеви што ви стојат како сошиени и ги нагласуваат најубавите делови на вашето тело.

Парчиња што никогаш не излегуваат од мода

Инвестирањето во квалитетни парчиња што долго ќе траат се исплати, па затоа не штедете кога станува збор за гардеробата за работа. Подобро е да имате неколку квалитетни парчиња отколку голема количина гардероба што брзо ќе морате да ја замените. Секоја деловна жена во својот плакар мора да има барем две добро скроени сакоа, црни панталони и неколку класични фустани. Со овие основни парчиња лесно ќе правите различни стајлинзи.

Долна облека што целосно ви одговара

Добрата долна облека е многу важна за гардеробата да изгледа убаво. Доколку долната облека се исцртува или ја засекува кожата, ќе оставите потполно погрешен впечаток.

Држете се до едноставни комбинации

Кога станува збор за деловното опкружување, најдобро е да одбирате понежни бои. Дезенот е дозволен, но само доколку не е премногу нападен. Не би сакале повеќе да се зборува за вашата гардероба одошто за вашите деловни успеси. Освен тоа, не можете да погрешите со класика. Бидејќи сте ограничени со изборот на бои, слободно поиграјте се со текстурата на гардеробата.

Беспрекорен стајлинг за враќање во јавноста: Меланија Трамп сама прошетала низ Њујорк и сите ги воодушевила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.