Изгледајте беспрекорно и на плус 35 степени: Најдобрите комбинации на познатите дами како инспирација!

Совршено стилизирани!

Овие модни комбинации се вистинскиот избор кога надвор е пеколно жешко

Тешко е да изгледате шик и модерно кога надвор е многу топло. Ви предлагаме неколку модни комбинации на познатите дами кои се идеален избор за тропските денови. Веруваме дека и вие со задоволство ќе ги ископирате…

Лежерно издание на Селена Гомез

Оваа модна комбинација е одлична за опуштени прилики, за одење на кафе со пријателките или на прошетка. Во комбинезон со ефектен дезен ќе оставите впечаток на дама со стил, а искомбиниран со едноставни патики, ќе направи да ви биде удобно и пријатно.

https://www.instagram.com/p/BzLwmtNDDxD/?utm_source=ig_embed

Полесно ќе ги преживеете пеколните горештини ако облечете фустан со прерамки од лесен материјал, а дополнителен бонус е тоа што ќе изгледате одлично. Комбинирајте го со рамни или сандали на потпетица и во ова издание ќе можете да се појавите каде било, на кафе во град но и на деловен состанок.

https://www.instagram.com/p/BzX6PHGCZ18/?utm_source=ig_embed

Бијонсе е позната по одличните модни комбинации. Во периодот на пеколни жештини, таа носи фустан со интересни изрези, кои освен што и’ даваат на кожата да дише, на фустанот му даваат и дополнителен шарм. Што се однесува до чевлите, и тука слободно послушајте ја Бијонсе и прифатете го трендот на проѕирни сандали.

https://www.instagram.com/p/BtnCOozgF5-/?utm_source=ig_embed

Ова е одличен избор за опуштена варијанта и слободно водете се по примерот на Емили Ратајковски, а ако се спремате за деловен состанок, наместо кратка маица, одберете обична бела маица и подготвени сте! Ќе изгледате модерно, а нема да ви биде премногу топло.

https://www.instagram.com/p/BztbuXWhcfq/?utm_source=ig_embed

ФОТО: Pixabay, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.