Стапила во брак со Јариќ невина, а го љубела и овој принц: Сите мажи на Адријана Лима!

Поранешните љубови на Адријана Лима

Згодната манекенка со прекрасна црна коса и светли очи, Адријана Лима, е сон на многу мажи, а ова се сите нејзини поранешни партнери

Колку што е убава толку е и бурен нејзиниот љубовен живот. Адријана Лима (40) зад себе има еден брак и многу љубовни врски. Откако на необичен начин откри дека чека трето дете, а прво со нејзиниот сегашен партнер, филмскиот продуцент Андре Лемерс (40), многумина се заинтересираа за тоа какви мажи ја привлекуваат една од најубавите жени на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Во продолжение ви ги откриваме мажите што Адријана Лима некогаш ги сакала…

Убавата манекенка три години била во врска со принцот Венцеслаус од Лихтенштајн (47). Имено, тие биле во врска од 2003 до 2006 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @theworldroyalties


Но дали сте знаеле дека Адријана Лима била во врска со легендарниот музичар Лени Кравиц? И не само што се забавувала со него, туку била на раб и да се омажи за него!

Фото: Приватна архива

Имено, Адријана и Лени биле три години во врска, а се свршиле во 2002. Тие биле толку познати  како двојка, што таа дури и глумела во неговиот спот за песната Yesterday is Gone. Сепак, по бурната врска и по помалку од една година, ја раскинале свршувачката.

Бразилската манекенка во 2016 година била уловена како ужива на Миконос покрај фудбалерот Семи Кадире. Иако никогаш не ја потврдила врската со спортистот, сведоци од плажата истакнале за медиумите дека тие биле многу блиски, а и дека Кадире многу брзо полудел по Лима.

Пред да започне врска со Семи, Лима една година била со ММА борецот, Големиот Џо. Често си разменувале бакнежи во јавност, а покрај Џо, Лима го засакала боксот, со што и денес се занимава рекреативно.

Со Џо заедно одела на тренинзи и од нивните заеднички појавувања, обостраната вљубеност била видлива.

По раскинувањето со Џо, кое ја изненадило јавноста, бразилската манекенка била во кратка врска со бејзбол играчот Мет Харви.

Била фотографирана како разменува нежности со него на романтична вечера, но таа љубов не траела долго.

Поранешната српска снаа му го скршила срцето на Харви, откако тој видел фотографии од неа како заминува од една забава во друштво на поранешниот дечко, рагбистот Џулијан Еделман.

Потоа, во нејзиниот живот се појавил турскиот писател Метин Хара. Како што наведувале турските медиуми, нивната врска била маркетиншки трик, а Лима се согласила да му излезе во пресрет на еден заеднички пријател од Турција, кој бил продуцент и сакал да ја развие кариерата на 35-годишниот писател.

Адријана Лима остро ги демантирала гласините дека нејзината љубов со Хара е само маркетиншки трик што би требало да му помогне во кариерата. Дури и јавно на Инстаграм порачала дека Метин Хара е љубовта на нејзиниот живот.

Но пред Метин Хара и другите мажи од овој список, Лима имала голема љубов. Тоа бил српскиот кошаркар Марко Јариќ. Со Јариќ се венчала во 2009 година на Денот на вљубените и од бракот имаат две ќерки Валентина и Сиена.

Она по што била позната неговата тогашна сопруга Адријана Лима е изјавата дека влегла невина во бракот, односно дека се чувала за брак. До нивниот развод, како што се пишувало, дошло поради неверството на Марко во 2014 година, по 5 години брак.

Адријана Лима трудна третпат: Погледнете како на вестите реагираше нејзиното момче! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.