Што навистина значат соништата во кои го изневерувате партнерот?

Дали носат скриена порака?

Иако можеби сте во совршено среќна врска и не ве интересираат други мажи, на соништата е невозможно да се влијае.

Изневерување со личност која ја познавате

Ако совеста ве гризна зашто сонувавте дека играте под чаршафи со вашиот шеф или пријател – имаме добри вести за вас! Овој сон не значи дека навистина сакате да спиете или имате некаква љубовна врска со таа личност, тоа е само затоа што голем дел од вашето внимание оди во правец на таа личност во текот на денот, така што е сосема нормално тие да се појават во соништата.

Изневерување со непознато лице

Зад таков сон се крие нерешен проблем. Имено, според мислењето на психологот, водењето љубов со непозната личност во сон значи дека нешто криете или дека нешто сте го излажале партнерот, а тоа се манифестира во форма на изневерување.

Изневерување каде вашиот партнер ве открил 

Исто како и изневерување со странец, сонот во кој партнерот ве фаќа во самиот чин значи дека ве гризе совеста. Иако можеби не сте веднаш свесни за што може да се работи, размислете дали криете нешто од вашиот партнер или дали некако му нанесувате штета.

Прочитајте и: Дознајте што ви порачуваат: 11 најчести соништа и нивното вистинско значење!

 

ФОТО: Unsplash

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.