Ѕирнете во раскошната вила на легендарниот Шон Конери (ФОТО)

Неговото семејно гнездо

Вилата во Ница на легендарниот холивудски актер Шон Конери е на продажба, пренесуваат светските медиуми. 

Луксузна куќа на југот на Франција, оддалечена само 30 минути од Монако и Кан, била семејното гнездо на актерот и неговата сопруга се’ додека пред 12 години се преселиле на Бахамите, каде што актерот почина на 31 октомври.

Импозантната градба, која се простира на речиси 1.000 квадратни метри животен простор, опкружена со над 5.000 квадратни метри прекрасен двор со поглед на тиркизно море, маѓепсува како со ентериерот, така и со екстериерот.

Последна фотографија од Шон Конери пред смртта: Актерот бил преполовен, болеста го зела данокот

Вилата уредена во минималистички, но и луксузен стил има осум спални соби, додека главната спална соба се протега на целиот последен, четврти кат и има две одделни бањи и простран плакар.

Во рамките на куќата има и две посебни вили за гости, со свои спални соби, трпезарии и други основни простории, додека во главната вила има се’ што ви треба за релаксација и забава – теретана, надворешен и затворен базен, сауна, винарска визба …

По смртта на Шон Конери, кој почина на крај на октомрви годинава во 91-та година од животот, цената на вилата се зголеми, па сега се продава за неверојатни 34 милиони долари.

Сопругата на Шон Конери открива од што боледувал: Еве како ги поминал последните денови

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.