Величествената Моника Белучи повторно блеска (ФОТО)

Во специјалното модно издание на италијанското списание „Вог“, италијанската актерка се најде на насловната страница во улога на муза на млад вајар. Од раскошната шапка до малиот црн фустан, овој моден деликатес ќе развесели секој обожавател на високата мода.

При спомнување на легендарната италијанска модна куќа „Долче и Габана“ многумина веднаш помислуваат на Моника Белучи, долгогодишно заштитно лице на славната дизајнерска двојка.

Педесет и шестгодишната актерка во текот на годините сними многубројни кампањи за обелка, шминка и за модни додатоци со потписот на D&G, а во најновото издание блесна на страниците на италијанскиот „Вог“.


Имено, во специјалниот моден прилог „Алта мода“, посветен на модната куќа „Долче и Габана“, Моника позира во раскошни креации на дизајнерскиот пар, пред фотографот Себастијан Фаен.

 

На најконтроверзната фотографија, од која избива страст, сексапилната актерка позира облечена во елегантен црн фустан со младиот манекен, кој се најде во улогата на вајар опседнат со својата муза.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.