Најмладиот син на Лепа Брена ги напушти семејниот дом и родителите

Виновна е короната

Од цената на новото луксузно пребивалиште на наследникот на популарната пејачка буквално ќе ви се „слоши“!

Имено, дојде време и Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ да го напушти семејниот дом.

Тој ја напушти луксузна вила на Бежаниска коса и се всели во свој стан вреден 700.000 евра!

Виктор се всели во станот, кој не е целосно уреден. Се зарази со корона, па одлучи да се изолира во новиот стан. Планираше налето да ја напушти семејната вила на Бежаниска коса, но поради короната порано ги спакува куферите. Не му пречи што работите се’ уште се во тек бидејќи никаде не излегува.  Му доставуваат храна на домашната адреса, а телефонски се слуша со мајка му и татко му неколку пати на ден“, вели извор близок на Живојиновиќ, кој објаснува како ќе изгледа новото гнездо на Виктор.

Брена и Боба му избраа стан од 140 квадрати, за кој платија дури 700.000 евра! Интересно, тие ќе му бидат првите соседи! Брена и Боба си купиле стан на истиот кат. За разлика од Виктор, двајцата нема да брзаат да се преселат.“

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.