Овој рецепт за туна со авокадо и лимета е исклучиво здрав и одличен предлог за предјадење, богат со витамини и здрави масти.
Состојки (за една личност):
- парче ѓумбир, излупен и изрендан
- 2 лажици исецкан коријандер
- пола лимета
- сол и бибер
- 1 авокадо, излупено и исчистено, исецкано на парчиња
- маслиново масло
- 85 грама свежа туна
Прочитајте и: Брз и лесен оброк: Тестенини со туна
Приготвување:
Во мал сад изрендајте го ѓумбирот. Додадете коријандер и сок од лимета. Добро промешајте, посолете и додадете бибер. Во смесата додадете го авокадото и малку маслиново масло. Ставете тавче на веќе загреана рингла и туната пржете ја по две минути на секоја страна. Ќе знаете дека е готово кога месото ќе посветли. Туната сервирајте ја на чинија, на салатата со авокадо.
Здрава туна-диета: Дотерајте ја линијата за само 3 дена!
Пријатно јадење!
Фото: Getty Images