ОВА е разликата помеѓу: Пинџур, ајвар и малиџано!

Разјаснето е

Една агенција претстави графика на која се прикажани традиционалните намази од зеленчук приготвени во балканските земји – со нагласени состојките за подготовка за јасно да се видат разликите.

За почеток, ајварот се прави само од печени црвени пиперки.

Во лутеницата покрај пиперките влегуваат домати, лути пиперки и лук. Пинџурот е „слатка“ варијанта на лутеницата и се прави од печени пиперки, домати и лук.

Кај нас малку помалку позната е закуска, романски есенски деликатес во тегла, направен од печен патлиџан, печени пиперки, лук и варени домати.

Чопулу е варијација на темата, бидејќи оди со печен модар патлиџан, печен црвен пипер, печен домат и лук.

Малиџано е единственото во кое не преовладува црвената боја на пиперката. Карактеристично е за нашата зема и се состои од со печен модар патлиџан, печен зелен пипер, лук и сенф.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.