Сакате да приготвите брз и лесен ручек: ОВА е рецептот за вас!

Намирници кои сите ги имаме во кујната

Карфиолот е зеленчук кој му припаѓа на семејството на диви зелки. Тој е исклучително здрав и е одличен извор на витамин Ц и фолна киселина. Жените го сакаат затоа што е лесно да се подготви – можете да го печете, да го варите, да направите крем супа или бибер. Ова е рецептот за подготовка на печен карфиол. Овој едноставен и вкусен, оброк без месо може да се јаде како главно јадење или како додаток.

Состојки:

1 главица карфиол

1 јајце

2,5 дл кисела павлака

1 чаша лебни трошки

1 лажица масло

150 г рендано сирење по желба

сол

бибер

Подготовка:

1. Исчистете ја главичката на карфиолот од листовите и раздвојте ја на помали цветови.

2. Во загреана вода ставете ги раздвоените цветови од карфиолот и варете ги околу 15 минути додека не станат меки.

3. Огноотпорниот сад премачкајте го со една лажица масло и посипете две супени лажици трошки од леб.

4. На лебните трошки распоредете ги цветовите од карфиол.

5. Во садот, измешајте ја павлаката, јајцето, сирењето, остатокот од трошките од леб и зачинете ги со сол и бибер по желба.

6. Добиената смеса распределете ја по цветовите од карфилот во огноотпорниот сад.

7. Јадењето печето го во рерна на 200ºC околу 20-25 минути.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.