Рецепт на денот: Филе од ослич на скара прелиено со сос од млад кромид

Оброк што ќе го приготвите многу брзо и ќе го почестите вашето тело со здрави состојки.

Ова прекрасно месо од риба можете да го најдете во сите добро снабдени пазари. Исчистена, исечена на парчиња, а за оние што сакаат, тука е и свежо замрзната во филети. Затоа, веќе немате оправдување рибата да не биде на вашето мени, нема изговори во смисла – „не можам да го направам тоа“.

Состојки:

1 кг филе ослич
маслиново масло
сол, црн пипер
сок од лимон

За сосот:

неколку варени компири
беби-спанаќ

Приготвување:

Најпрво во малку посолена вода сварете ги компирите исечени на четвртинки. Кога ќе се сварат, ставете ги во друг сад и поклопете ги. Потопете го спанаќот во истата вода во која се варени компирите, не повеќе од две минути, доволно долго да се избланшира. Исцедете го и ставете го кај варените компири.

Одмрзнете ги филетите ослич, исушете ги од вишокот вода, па зачинете ги по вкус. Оставете ги да отстојат десет минути, а потоа пржете во загреана тава на многу малку маслиново масло, да заруменат од двете страни, околу пет минути. Филетите ставете ги во огноотпорен сад.

Послужете ги со компири и спанаќ. И прелите ги со сосот.

Сос од млад кромид:

Китката младо кромитче ситно се сечка и се меша со густ јогурт или павлака, се додаваат неколку капки маслиново масло, малку лимонов сок и ситно сечкани листови магдонос, се соединува рамномерно и се прелева врз рибиното филе или се послужува посебно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.