Стинг го продаде целото свое музичко творештво: Од сумата ќе ви се заврти во глава! (ФОТО)

Многу пари се во прашање...

Фото: Ultimate Classic Rock

Познатиот музичар Стинг го продаде својот музички каталог, вклучително и хитовите со „The Police“ и како соло изведувач, придружувајќи се на групата ѕвезди кои заработуваат од инвеститори кои гледаат вредност во лиценцирањето на нивните песни.

Музичко-издавачката компанија „Universal“ во четвртокот соопшти дека го купила каталогот, вклучувајќи ги „Every Breath You Take“, „Roxanne“ и „Fields of Gold“. Подробности од договорот не се објавени, но според „New York Times“, тој вреди 250 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STING (@theofficialsting)

Во последниве месеци,Боб Дилан, Брус Спрингстин, Пол Сајмон, Стиви Никс, Нил Јанг и други ги продадоа своите песни, каталози на напишани песни или и двете.

Купувачите обично добиваат трајно право да ги користат песните или снимките на изведувачот во реклами, филмови, телевизиски емисии и други формати.

Цените ретко се објавуваат, но експертите од музичката индустрија ја проценуваат продажбата на Спрингстин на Sony Music Entertainment во декември на 550 милиони долари, а договорот на Дилан истиот месец со Universal Music Publishing Group е помеѓу 300 и 500 милиони долари.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.