Колач „седмо небо“: Нема да ви остане ни едно парче, ќе се изеде сè до последна ронка!

Неодолив десерт

Колачот „седмо небо“ е крцкав, а полн со фил. Прекрасно изгледа и исто толку е вкусен

Состојки:

За филот:

  • 8 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 500 мл млеко
  • 200 г чоколадо
  • 250 г путер или маргарин
  • 150 г мелени ореви
  • 2 листа обланда

За првата кора:

  • 4 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 150 г бисквити

За втората кора:

  • 4 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 100 г кокос
Приготвување:

Изматете фил од шеќер, млеко, пудинг, маргарин, чоколадо и мелени ореви. Оставете го да се олади.

Изматете белки со шеќер и бисквити, па добиениот фил премачкајте го преку едниот лист од обланда и запечете го во рерна 13 минути на 180 степени.

Изматете фил од 4 белки со шеќер и кокос, па премачкајте го преку втората обланда и потпечете го во рерна 13 минути на 180 степени.

Премачкајте ја првата кора со фил, па ставете ја втората кора одозгора и прелејте ја со глазура од чоколадо. Пресечете го колачот на парчиња и уживајте.

Кремливи коцки со ореви: Не постои повкусен старински колач, а готов е за помалку од 20 минути
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.